Календарски или метеоролошки метод за одредување на почетокот на пролетта

March 20, 2024
1 min read

Годинава пролетта почна денеска, во 04:06 часот, додека во исто време започна есента за жителите на јужната хемисфера.

Годинава пролетта започна на 20 март, а ќе трае до 20 јуни кога започнува летото. По зимата, часовникот се поместува кон летно сметање на времето. Додека на северната хемисфера е пролет, на јужната хемисфера е есен и обратно, така што нема датум за почеток на оваа сезона кој би бил универзален за сите делови на светот.

Земјата не се движи со постојана брзина во својата елипсовидна (овална) орбита, така што годишните времиња не се со еднаква должина. Пролетта во просек трае 92,8 дена на северната хемисфера и 89,8 дена на јужната хемисфера.

Пролетта започнува во Македонија секоја година со преминувањето на Сонцето на северната хемисфера. На тој ден Сонцето изгрева на исток и започнува рамноденицата, односно и денот и ноќта ќе траат точно 12 часа.

Денот постепено станува подолг од денот на зимската краткоденица на 21 декември и продолжува да се зголемува до почетокот на летото.

Претходно, училиштата учеа дека сите годишни времиња, освен есента, започнуваат на 21 во месецот. Но, пролетта веќе неколку децении пристигнува еден ден порано, на 20 март. И тоа се должи на два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња – календарски или метеоролошки.

Во што е разликата?

Календарскиот почеток на пролетта се нарекува и астрономски почеток на пролетта. Бидејќи календарските сезони се одредуваат според положбата на Земјата во однос на Сонцето и одговараат, така да се каже, на „природните“ годишни времиња.

Во метеорологијата, годишните времиња секогаш започнуваат на првиот ден од соодветниот месец. Тие ја делат годината на четири фиксни сезони од по три месеци. Метеоролозите ја користат оваа вештачка класификација за да создадат четири константни сезони и да работат со споредливи временски периоди.

Во стариот Рим, првиот ден од пролетта се славел како почеток на новата година. Долго пред Римјаните, Келтите го славеле првиот ден од пролетта како воскресение на Сонцето. За многумина пролетта значела будење, создавање и раѓање на нешто ново.

Најпознати предвесници на пролетта се раната јаглика, кокичето, водениот крин, нарцис, темјанушки и други.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕГА СЕ ОТИДЕ ПРЕДАЛЕКУ: Се огласи двојничката на Кејт Мидлтон, кога ќе видите како изгледа сѐ ќе ви стане јасно зошто светот создава теории на заговор

Следно

Студија на ОН: Финците најсреќни, Авганистанците најнесреќни, еве каде сме ние

Latest from Blog

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако
Go toTop