Каков гест на хрватскиот херој: Кузмановиќ исполни ветување кон учителката од основно!

January 31, 2025
1 min read

Победата на Хрватска над Франција во полуфиналето од Светското ракометно првенство е главна тема во регионот. Оваа генерација на Хрватска го одигра најдобриот натпревар и го тресна големиот фаворит и „коцкестите“ по пауза од 16 години одново ќе играат мундијалско финале.

Еден од хероите на средбата во Загреб беше голманот Доминик Кузмановиќ, кој против Франција зад своето име запиша тринаесет одбрани. 23-годишниот чувар на мрежата блеска на овој шампионат, а денеска „Вечерњи лист“ откри негов голем гест кон својата учителка од основно, Сања Ороз.

„Колку прекрасен младич стана овој дечко. Како бивша ракометарка и негова учителка, имавме чести разговори за ракометот, ги водевме на натпреварите. Во осмо одделение го прашав каде ќе се запише, а тој ми одговори во школата во Дуго Село за да може да тренира. Со оглед на тоа што беше супер одличен, го прашав, а што ако не успееш, тој само ми рече ‘ќе успеам’…

Јас на тоа му реков кога ќе стане успешен, да се сети на својата учителка и да ѝ подари една карта. И тука падна договор… од пред 8 години. И во понеделникот ми доаѓа негова порака: ‘Учителке имам карта за Вас ако сакате и ако можете да дојдете’. Баш, баш ме израдува… и така благодарение на него присуствував на ова чудо против Унгарија. Само биди здрав драги Кузма, веќе си голем сега“, напиша учителката на Кузмановиќ.

Во финалето Кузмановиќ и Хрватска ќе се судрат со подобриот од вечерашниот полуфинален натпревар меѓу Данска и Португалија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас ги објави имињата на Палестинците кои ќе бидат ослободени утре како дел од размената на затвореници со Израел

Следно

Јанкуловска на Фејсбук: Не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop