Хамас ги објави имињата на Палестинците кои ќе бидат ослободени утре како дел од размената на затвореници со Израел

January 31, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинската група на отпорот Хамас ги објави имињата на 183 палестински затвореници од израелските затвори кои треба да бидат ослободени утре како дел од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Израел, јавува Анадолу.

Во соопштението, Информативната канцеларија за затвореници, управувана од Хамас, рече дека меѓу оние што треба да бидат ослободени 18 издржуваат доживотни затворски казни, 54 долгорочни казни и 111 се Палестинци од Газа кои се уапсени по 7 октомври 2023 година.

Според соопштението, 54 од затворениците кои треба да бидат ослободени утре се членови на Фатах, осум се припадници на Хамас, шест се поврзани со Исламски џихад, двајца се од Народниот фронт за ослободување на Палестина (PFLP) и двајца се од Демократскиот фронт за ослободување на Палестина (DFLP).

Исто така се наведува дека седуммина од затворениците ќе бидат депортирани по нивното ослободување од израелските затвори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Јаревски: Владата направи серија чекори за подобрување на условите во Онкологија

Следно

Каков гест на хрватскиот херој: Кузмановиќ исполни ветување кон учителката од основно!

Latest from Blog

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете

Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг
Go toTop