Јанкуловска на Фејсбук: Не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска

January 31, 2025
1 min read

Најдлабоко сочуство до семејството и блиските на Фросина, напиша на Фејсбук поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат. Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев. Да не иделизираме, јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи. Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и иссмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција, истакна Јанкуловска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каков гест на хрватскиот херој: Кузмановиќ исполни ветување кон учителката од основно!

Следно

Стојаноски: Ќе има законски измени за поголеми казни во сообраќајот

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop