Како се слави Денот на вљубените во светот?

February 14, 2024
2 mins read

Симболот на Валентајн е римскиот бог Купидон прикажан со лак и стрела. Се смета дека тој кој ќе биде погоден од стрелата веднаш ќе се вљуби.

Тој полупразник го добил името по ранохристијанскиот светец Валентин кој живеел во 3 век во новата ера. Меѓутоа, најпопуларната приказна е таа во која Свети Валентајн се наведува како свештеник кој тајно ги венчавал римските војници и нивните избрани невести.

Во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба според која ниту еден римски војник не смеел да се венча бидејќи тоа би пречело на неговата сила на боиштата.

Сите тие морале да ја почитуваат таа одлука, вклучувајќи го и свештенството, но свештеникот Валентин не ја почитувал таа заповед и почнал тајно да ги венчава младите двојки, ризикувајќи така да заврши во затвор и да биде убиен, што на крај и се случило на 14 февруари вечерта кога му била отсечена главата.

Обичаите кои луѓето денес практикуваат да ги прават за Валентајн се разликуваат од општество до општество.

Портокалите и Сингапур

Според кинескиот календар, Валентајн паѓа на 15 ден во Новата година кој е резервиран за традиционалниот фестивал на фенерите. Но, вљубените од Сингапур и Малезија во текот на годините си развиле сопствени обичари, а еден од нив е поврзан за портокалите. Слободните жени на портокали ги пишуваат своите броеви на телефоните, па ги фрлаат во реките и езерата, а сите слободни мажи подоцна ги вадат и ги јадат.

Јапонија и големите количини на чоколада

Жените за Валентајн на своите партнери, машки колеги од работа и на шефовите им подаруваат чоколадо. Слободните девојки чоколадо им даруваат на своите симпатии. Месец дена подоцна, т.е. на 14 март мажите на жените подаруваат бело чоколадо (т.н. White Day).

Ден на пријателството во Финска

Финците Валентајн традиционално го поврзуваат со пријателството. Се подготвуваат креативни честитки и ситни подароци кои се подаруваат на партнерите, пријателите и семејството. Праќачот притоа е анонимен па саканите лица мора да откријат кој се сетил на нив на 14 февруари.

Италијанките праќаат писма на Јулија

Верона во Италија на денот Валентајн е во центар на вниманието. Љубовни писма се пишуваат не само на саканите лица туку и на Јулија, а потоа група млади луѓе ги читаат и ги наградуваат најдобрите.

Обновување на заветот во Франција

Популарно место за вљубените во Франција е Сент-Валентајн во покраината Индре. Паровите често се одлучуваат на обновување на брачниот завет, а селото со 285 жители е совршено место за веридби, па поради тоа Валентајн тука трае подолго од каде било во светот, соодветната свеченост се одржува три дена.

Данска

Данците на своите сакани за Валентајн праќаат шеговити љубовни песни (gaekkebrev). Песните се праќаат анонимно, а името на праќачот е скриено во стиховите. Среќничката која примила песна има време до Велигден да открие кој и ја пратил. Ако успее, испраќачот на Велигден и дарува јајце, а ако не успее, праќачот сепак се открива и тогаш таа на него му дарува јајце.

Филипини

На Филипините постои обичај по повод Валентајн да се организираат масовни венчавки. Се проценува дека лани за Валентајн се венчале над 4000 парови. Оваа година веќе почнаа масовни венчавки во филипинските градови така што бројот веројатно ќе биде уште поголем.

Германија

Германските обичаи за прославата за Валентајн се обични. Исклучок се честитките на кои се наоѓаат слики на прасенца бидејќи токму свињата во оваа земја е симбол за среќа и страст. Освен тој подарок, Германците љубов изјавуваат и со медењаци на кои пишува Ich Liebe Dich!

Словенија

Во Словенија постоела традиција за славење на љубовта на 12 март, кога на празникот Св. Гргур се венчавале птиците. Денес таа традиција помалку е заборавена, но сепак постојат луѓе кои на тој ден на своите сакани им даруваат колачи во форма на птички и така остануваат верни на поранешната традиција.

Велика Британија

Некогаш одамна во Норфолк во Велика Британија Џек Валентајн (Old Father Valentine) во ноќта спроти Валентајн посетувал деца и им дарувал подароци и колачи. Сличен е на Дедо Мраз, само што тој не се спуштал низ оџакот. Потеклото на оваа традиција е непознато, но и денес многу родители ја негуваат, па на Валентајн ги даруваат своите деца.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„Оваа мајка ќе легне веднаш“: Марија Шерифовиќ им се врати на работните обврски, ОВА за неа е најтешко

Следно

Возачките и сообраќајните дозволи од денеска се менуваат бесплатно

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop