Како да се открие карцином на бели дробови на време?

January 30, 2024
1 min read

Во светот, но и во Македонија, ракот на белите дробови е главната причина за смртност. Дури 23% од заболувањата од сите видови карцином, отпаѓаат на ракот на белите дробови, што го прави овој вид заболување, по ракот на дојката, најчест облик на канцер во светот. Како најинвазивен и со најголем степен на смртност, кај канцерот на бели дробови единствено навремената детекција може да помогне за што е потребен скрининг со којшто би се откриле и асимптоматските случаи.

Како причина за ова заболување се наведуваат повеќе фактори, но најчесто со рак на белите дробови се поврзува пушењето и последици од пушењето, при што пушачите имаат 10-20 пати поголема веројатност да развијат рак на белите дробови од непушачите. Покрај катранот постојат и други причинители како што се азбестот, загадувањето на воздухот, јонизирачкото зрачење итн.

Кај нас инциденцата е 14,9% што значи 1135 нови случаи секоја година, а според стапката на смртност сме на 10то место во светот. Според податоците, повеќе од половина од пациентите со рак на белите дробови умираат во рок од 1 година по дијагностицирање. А светските статистики покажуваат дека меѓу 8-15% од  заболените од рак на бели дробови преживуваат 5 години. Само 20% од дијагностицираните случаи се подобни за операција и тие имаат 40% шанси за 5-годишно преживување.

Наспроти овие црни сценарија, резултатите од неколку истражувања и студии во светски рамки изнесуваат убедливи докази за намалување на смртноста како резултат на спроведувањетона превентивен скрининг за рак на белите дробови. Преку скринингот заболувањето се открива во фаза кога може да се интервенира и со тоа значително се намалува смртноста, се зголемува ефектот од оперативниот зафат и се продолжува животот.

Се досега, во Македонија никогаш не бил спроведен превентивен скрининг наменет за рано откривање на карцином на бели дробови. Сега за првпат се случува Клиника Жан Митрев да започне со спроведување на национална кампања за бесплатен скрининг за рак на бели дробови со која се опфатени посебно ризичните категории. Тука влегуваат граѓани од 50 до 75 години кои во текот на 20 години пушеле повеќе од 20 цигари (или 1 кутија) на ден или 2 кутии цигари дневно во тек на 10 години, како и пациенти кои биле пушачи, а престанеле во последните 15 години. Преку скринингот ќе се открие дали носат ризик за развој на рак на бели дробови.

Од Клиника Жан Митрев велат дека целта на скринингот е навремено откривање особено на асимптоматските пациенти, кои според животните навики се во ризична група, а чие рано дијагностицирање ќе овозможи спроведување оперативен третман, со што прогнозата за преживување е многу подобра.

Клиника Жан Митрев, скринингот го прави согласно светски утврдените препораки од The American cancer society односно со примена на компјутеризирана томографија на бели дробови со ниска доза на зрачење (Low dose CT scan) што e златен стандард во скрининг дијагностиката.

Покрај навремената интервенција кај пациентите каде ќе бидат откриени канцерогени клетки, скринингот ќе помогне да се консолидира и националното мислење и да се креира соодветна програма за скрининг на рак на белите дробови, кои се исплатливи за македонскиот здравствен систем и најважно ќе спасат човечки животи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Пред Северина кралот на бакарот ја љубеше оваа позната водителка: Таа се омажи и разведе во рок од една година поради необична причина – а тој чека четврто дете (ФОТО)

Следно

Митревски во „Полиграф“: Треба да се работи многу повеќе на спречување на дезинформациите

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop