„КАЈМАК“ НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ ВО САРАЕВО, МЕСЕЦОВ АМЕРИКАНСКА ПРЕМИЕРА И УШТЕ 4 ФЕСТИВАЛИ

August 11, 2023
2 mins read

Екипа на „Кајмак“ со режисерот Милчо Манчевски на 17 август ќе продефилира на црвениот килим на 29. Сараевски филмски фестивал, најважниот во регионот, а до септември следи американската премиера и учество на уште 4 фестивали, соопшти продукцијата.

Во Сараево „Кајмак“ ќе игра во Open Air, гала програма со проекции под отворено небо на најголемото филмско платно во регионот во Стари Град (Вијеќница). Покрај „Кајмак“ во програмата се уште 14 филмови, помеѓу кои и „Астероид Сити“ на Вес Андерсон, „Паднати лисја“ на Аки Каурисмаки, „Бакнете ја иднината“ на Ненад Чичин Шаин, продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек, како и „Навистина никогаш не беше тука“ на шкотската режисерка и сценаристка Лини Ремзи, една од највозбудливите авторки во независната кинематографија, која ќе го добие почесното признание „Срце на Сараево“.

Манчевски е стар пријател на Сараевскиот фестивал – „Пред дождот“ играше на првото издание во ноември 1995 и Манчевски присуствуваше на проекцијата додека Сараево уште беше под опсада. Потоа, тој самиот ги собра членовите на бордот на почесни директори на фестивалот Ингмар Бергман, Мартин Скорсезе, Милош Форман, Нагиса Ошима и Ричард Гир.

Паралелно, „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33. фестивал Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“.

До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали: 36. Филмски фестивал во Херцег Нови, каде на покана на фестивалот ќе присуствува дел од филмската екипа, на „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина, на i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски и во главната конкуренција на фестивалот Балкан панорама во Измир, Турција. Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, Гвајана и Ст. Китс и Невис… Понатамошниот процес на пласман е во тек.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Деве Баир запленети 300 парчиња филери во вредност од 9000 евра

Следно

Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се искачи на 53

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop