„КАЈМАК” НА МАНЧЕВСКИ СО НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА СИНЕКВЕСТ ВО САД, ЌЕ ИГРА И ВО АВСТРАЛИЈА

September 1, 2023
1 min read

„Кајмак” на Милчо Манчевски е награден за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, САД каде беше американската премиера. Синеквест, чие 33-то издание заврши синоќа, е еден од најголемите и најреномирани независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни уметнички дела, а се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Ова е втора награда за „Кајмак“ за три дена, откако освои специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) на фестивалот во Херцег Нови, Црна Гора.

„Две награди за три дена. Не е лошо за филм што нашата Агенција за филм го блокира, забранува и одбива да го исплати”, изјави режисерот Манчевски, а продукцијата соопшти дека светскиот продажен агент „Левел К“ од Копенхаген го пласираше „Кајмак“ и во Австралија, каде наскоро ќе почне прикажувањето.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот, продаден е за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска… Понатамошниот процес на пласман е во тек.

Овој месец „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште три фестивали: i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски, Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина, а фестивалскиот живот ќе го продолжи и во текот на есента.

„Кајмак“, кој е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.
Филмот ја освои и Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. Филмот во јуни ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „Кајмак“ лани беше најгледан филм во Македонија.

„Агенцијата за филм сè уште ги блокира двата проекти на Манчевски, ‘Кајмак’ и ‘Збогум, Копакабано!’ (работен наслов ‘Биста’), спротивно на одлуката на судот и на правното мислење на Министерството за култура. Јавна поддршка за Манчевски изразија Филмскиот фестивал во Венеција, ФИПРЕСЦИ (Федерацијата на здруженија на филмски критичари), Транспаренси интернешнл и Виселблоуинг Интернешнл“, велат од продукцијата „Банана филм“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: После Блед 2030 година стана реална за влез во ЕУ, конфузија настанува од оние кои бараат „влакно во јајцето“

Следно

„Кајмак” на Манчевски ја освои наградата за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија

Latest from Blog

Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари

Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари. Впрочем, дали некој во земјава очекува нешто друго од партија која е заложник на Заев

Македонскиот фудбал влегува во нова дигитална ера со платформата FANZEAL

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја претстави новата стратешка соработка со иновативната платформа FANZEAL, која претставува значаен чекор во дигиталната трансформација на македонскиот фудбал. На официјалниот настан присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар

Божиновска: „Отворени сме за секоја иницијатива што носи напредок“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети, каде што уште еднаш ја потврди силната определба на Министерството да работи отворено,

ТАТКОТО НА ЕЈМИ ВАЈНХАУС ГИ ТУЖИ НЕЈЗИНИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ, барајќи 835.000 евра отштета

Таткото на покојната пејачка Ејми Вајнхаус започна судска постапка против две нејзини поранешни цимерки, барајќи отштета од 730.000 фунти (околу 835.000 евра). Мич Вајнхаус тврди дека Наоми Пари и Катриона Горлеј нелегално

Проданоски: Прилеп чекори кон современ систем за управување со отпад

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше во формирањето на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО), заедно со градоначалници од пелагонискиот и југозападниот регион. Со потпишување на договорот, општините прават важен
Go toTop