Каевски: Локалната власт на ДПМНЕ ништо не сработила за две години

November 12, 2023
1 min read

реклама


Прес-конференција на пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски:

Освен тоа што ништо не работат и за 2 години резултатите им се нула, локалната власт на ДПМНЕ ја тресат серија скандали.

реклама

Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска во јавните набавки.

Ова е тој Договор за јавна набавка на ЈП Исар Штип, вреден 20.000 евра.

реклама

Фирмата која го има добиено тендерот е во сопственост на Зоранчо Глигоров, а управител, односно директор е неговата сопруга.

Е сега, зет за ќерка на ова семејството Глигорови е кумашинот на градоначалникот на Штип од ДПМНЕ Методи Јорданов.

реклама

Освен што е кумашин на градоначалникот од ДПМНЕ, Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на истото претпријатие кое го доделува тендерот, ЈП Исар од Штип.

Кумашинот на градоначалникот член на Управниот одбор на јавното претпријатија а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот.

Во Зрновци под капата на ДПМНЕ се случуваат скандалозно, бизарно и нелогично трошење на народните пари.

Директорка назначена од ДПМНЕ преку сметка на основното училиште во Зрновци купила, внимавајте, гејмерска столица од 9.999 денари, хибриден брич од 6.374 денари и смути блендер.

Градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски може да го видиме на слики со скап часовник.

Според јавно достапните информации, објавени и во медиумите, часовникот чини 8.000 евра.

Од каде му се 8.000 евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат?

Колку пари има заработено Орце штом може да си дозволи луксузен саат вреден илјадници евра.

Еве почитувани граѓани, кадрите на Мицкоски ДПМНЕ што прават со парите на граѓаните.

Нема никаква промена во ДПМНЕ, како што владееа 11 години сега така се однесуваат во 40 општини како локална власт.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина тврди дека ја вратила контролата врз населено место на границата со Русија

Следно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 11.100

Latest from Blog

Проданоски на Денот на бакалите: Поддршка за дуќанџиите и еснафот продолжува

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Божествената Литургија во храмот „Св. Благовештение“ по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, кој народот го познава

Општина Битола бара доставувачи за решенија и покани за данок на имот

Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање

Петрушевски: Дали по насока на Заев и Филипче е донесен Правилникот за медицински канабис кој дозволува одгледување на марихуана на нива спротивен на Закон?

Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање, рече на денешната прес-конференција

Давидовиќ: Обвинението за „Пулс“ е правно неодржливо за речиси 30 обвинети

Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, адвокатот Звонко Давидовиќ изнесе сериозни забелешки и правни аргументи во врска со судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи
Go toTop