Каде ќе патуваат македонските граѓани за Нова година

December 27, 2024
1 min read

Виена, Будимпешта, Белград и Атина, како и Новогодишните базари во Германија и Италија, ова се некои од најатрактивните дестинации за Новогодишните празници на македонските граѓани, велат туристичките оператори. 

Факт е дека македонските граѓани сакаат да патуваат за празниците и патуваат на дестинации кои се во склоп на нивниот домашен буџет, вели туристичкиот водич Саше Љолес. 

Додека Македонските граѓани патуваат надвор од земјата за празниците, кај нас доаѓаат туристи од Бугарија, Србија, Албанија и Турција. Во туристичката понуда сакаат да има вклучено традиционална македонска храна и музика, велат од Здружението на туристички водичи за ТВ24.

Од Стопанската комора пак, додаваат дека општините мора да создадат интересна понуда на плоштадите за новогодишната забава за да привлечат туристи, како домашни така и од странство. Туроператорите информираат дека освен Скопје и Охрид, Берово и скијачките центри како Маврово и Попова Шапка привлекле туристи овие празници поради интересната понуда за планински туризам. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Канатларовски разрешен, Станиќ нов селектор на У-21

Следно

Јанев: За 6,5% намален вкупниот криминал, 25 проценти помалку кривични дела

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop