Кабинетот на Ковачевски со осуда за вчерашната манифестација во Тетово: Недозволиво е да се веат знамиња кои не се државни и да не се интонира македонската химна

August 12, 2023
3 mins read

Ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, реагираат од кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски откако синоќа на плоштадот во Тетово, по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, градоначалникот Билал Касами организираше голема манифестација на која се вееше знаме со картата на голема Албанија. На собирот се вееја и голем број на албански знамиња, велат од кабинетот на Ковачевски

Дополнително, иако локалната самоуправа во Северна Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската „Втора Македонска Бригада“

Истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Видот на иконографија забележан на настанот во Тетово во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот, реагираат од кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски откако синоќа на плоштадот во Тетово, по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, градоначалникот Билал Касами организираше голема манифестација на која се вееше знаме со картата на голема Албанија. На собирот се вееја и голем број на албански знамиња.

Фото: Фејсбук-профилот на градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Од кабинетот на премиерот информираат дека во текот на денот го исконтактирале амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата.

Оттаму го осудуваат и фактот што на настанот организиран на територија на Република Северна Македонија, не била интонирана македонската државна химна и не било истакнато македонското државно знаме.

„Посочуваме дека сите држави од регионот кои сакаат истиот да е просперитетен, економски развиен и интегриран во Европската Унија и кои сакаат да градат пријателски односи со своите соседи, треба со сите свои постапки да ги продлабочуваат пријателствата и меѓу државите и меѓу граѓаните, и да инсистираат на почитување пред сѐ на државните одбележја како и на мултикултурните специфичности на секоја од државите од регионот. Република Северна Македонија како функционално мултикултурно и мултиетничко општество е пример за земја која ги почитува различностите и интензивно гради добрососедски односи со сите свои соседи, базирани на почитување и соработка која треба да придонесе кон понатамошен развој и на земјата и на регионот“,

се наведува во соопштението од кабинетот на Ковачевски.

Дополнително, иако локалната самоуправа во Северна Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската „Втора Македонска Бригада“.

„Посочуваме дека локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури“,

се додава во соопштението од премиерскиот кабинет.

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој вчера беше во неофицијална посета на земјава, пред да замине во Тетово, присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во Општина Чаир.

Премиерот на Косово, Албин Курти присуствуваше на преименување на улица во општина Чаир, Фото: Фејсбук/Изет Меџити

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и претседателите на движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши, и Изет Меџити, кој најави формирање на ново политичко движење во албанскиот блок.

Инаку, улицата „Втора македонска бригада“ го добила своето име по славната бригада која биела битки со бугарскиот фашистички окупатор и броела 480 борци. Голем дел од нив ги загубиле животите во борбите со бугарската војска, но дел од нив и во завршните борби за ослободување на Македонија.

Адем Демачи бил албански писател и политичар, кој своето образование го стекнал во Приштина, Скопје и во Белград. Тој бил и раководител на политичкото крило на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а потоа и политички активен во движењето Самоопределување на Албин Курти. Починал во 2018 година во Приштина.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа за преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во Општина Чаир нагласувајќи дека Демачи нема никаква поврзаност со македонската историја.

„Вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименета улицата ‘Втора Македонска ударна бригада’ во име на косовски борец Адем Демачи. Улицата го добива името на Демачи, кој нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави“,

рекоа од партијата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почнува Ликовната колонија Галичник

Следно

Кабинет на премиерот Ковачевски: За осуда е фактот што на настан организиран во Македонија, не е интонирана химната и не е истакнато државното знаме

Latest from Blog

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за

Можно одложување на натпреварот Реал Мадрид-Јувентус

Натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус можно е да биде одложен. Според најавата на метеоролошката служба за време на натпреварот најавени се грмотевици во околината на

Филипче – Кос: Поддршка за откочување на македонскиот евроинтегративен пат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос ја оцени како одлична и многу конструктивна. На својот фб тој напиша дека ја информирал Кос, дека СДСМ останува целосно

Онколошките пациенти таблетарната терапија ќе ја земата од аптеки, но ќе плаќаат партиципација

Наместо да патуваат до Клиниката за онкологија во Скопје пациентите со рак на дојка ќе може да ја подигнуваат таблетарната терапија од аптеките во своето место на живеење. Станува збор за лековите летрозол

Франција го забранува пушењето на повеќето отворени јавни простори

СКОПЈЕ (АА) – Франција воведе забрана за пушење на повеќето отворени јавни простори, меѓу кои плажи, паркови, јавни градини, автобуските постојки, спортски објекти, како и во близина на училишта, библиотеки и базени,
Go toTop