ЈУБИЛЕЈНИОТ 15. МАКЕДОКС СО АКЦЕНТ НА ФИЛМСКИТЕ АРХИВИ, ПРЕМИЕРА ЌЕ ИМА И ДОКУМЕНТАРЕЦОТ НА КОТЕВСКА „ПАТУВАЊЕ ПЕШ“

August 8, 2024
2 mins read

Јубилејното 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс отвора на 15 август со „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат и „Целулоидно подземје“ на иранскиот автор Ехсан Кошбахт, а ќе биде затворен на 22 август со македонската премиера на Патување пеш“ (The Walk), новиот документарец на македонската режисерка со двојна номинација за Оскар  Тамара Котевска.

МакеДокс ќе прикаже 92 филма, од кои десет се од македонски автори, рекоа на денешната прес-конференција рекоа извршен директор Дарко Набаков, , програмската координаторка Петрула Вељановска и Сара Ферро, раководителка на програмата филмска индустрија. Годинашно мото на Фестивалот е „Копање емоции низ времето“, ќе има стотина гости од странство, а ќе се одржува во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, Младинскиот културен центар (МКЦ) и „Лабораториум“ во Скопје.

„Патување пеш“, вториот документарец Котевска, ја имаше светската премиера лани на 9 ноември на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC). Претходниот филм на Котевска, „Медена земја“, што го режираше со Љубомир Стефанов, доби историски две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

„Ќе прикажеме разновидна програма од документарни филмови, како нови, така и постари, кои во себе изобилуваат со архивска граѓа, со посебен акцент на документарните филмови кои веќе се дигитализирани во поширокиот балкански регион и грижливо се чуваат во кинотеките и архивите, сѐ со цел да создадеме една одважна и фестивалска атмосфера во која ќе ја славиме кинотечната дејност која многумина од нас (филмаџиите, авторите од било кој вид, па и публиката) ја препознава како дејност која е мошне значајна, не само за зачувување на аудио-визуелното културно наследство и идентитетот на една земја, туку нејзините фундуси и како огромно богатство со неисцрпен креативен потенцијал кој инспирира на создавање нови идеи и сѐ подобри креативни документарни филмови“, рече Вељановска.

Тематскиот сегмент „Земја во фокус“ годинава е фокусиран на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија.

„Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души“, кажа Набаков.

Филмската програма e распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци. Во рамките на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 22 август концерт ќе одржи Дуке Бојаџиев, кој е автор на музиката на филмот на Котевска.

Меѓу насловите што ќе бидат прикажани на фестивалот се новиот филм на значајниот филмски автор Виктор Косаковски, кој ќе биде претставен со „Архитектон“. Во програмата е и победникот на годинашното Берлинале – документарецот „Дахомеј“ на режисерката Мати Диоп. Филмот „Холивудгејт“ на Ибрахим Наша’ат, чиј монтажер е Атанас Георгиев, ќе биде прикажан во програмата „Нови автори“. Македонска премиера ќе има филмот „Градина“ на Бојан Тантуровски, додека во студентската програма ќе биде прикажан филмот „Живот на даската“ на младата авторка Леона Јариќ. На фестивалот премиерно ќе бидат прикажани и три документарци произведени од школата за млади филмаџии „Докуникулци“.

На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сообраќајка кај велешкото село Дреново

Следно

Тензично на Косово – сликани српски знамиња во Косовска Митровица искречени во бело

Latest from Blog

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните

61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка – се роди Петар и им донесе радост

На Клиниката за гинекологија и акушерство, мајка стана на 61- годишна скопјанка, која на свет го донесе својот син, Петар. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и, како што велат

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека
Go toTop