Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

February 7, 2025
1 min read

На 6 февруари 1945 година во битолската Гимназија, денес средно општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, првпат во средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик.

Во пресрет на историскиот ден, просветните работници од градот се мобилизирале да ги спроведат одлуките од Поверенството на АСНОМ донесени на седница од 2 септември 1944 година со јасни упатства од областа на просветата.

На првиот наставнички Совет со кој претседавал директорот Орде Печијаре, биле донесени шест одлуки, меѓу кои и одлуката, гимназијата свечено да биде отворена на 5 февруари, а на 6 февруари да се одржи првиот наставен час.

– Скромно украсената сала на гимназијата беше шумна. Се дигна завесата и молк. На бината се појави првиот директор на Гимназијата, Орде Печијаре. Тој објави дека Гимназијата започнува со редовна настава на македонски јазик. Одекна силен аплауз. Потоа претставниците на народната власт ги поздравија присутните и зборуваа за значењето,задачите и улогата на Гимназијата во ослободената татковина. Членовите на штотуку формираниот градски театар заедно со културно уметничка група при гарнизонот изведоа пригодна програма. Тогаш за прв пат стиховите на Константин Миладинов „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“ и други, како и стиховите на Кочо Рацин и убавиот мелос на македонските народни песни, ги растреперија срцата на присутните“, е запишано во јубилејна монографија на Гимназијата.

Во првата учебна година, редовната настава ја следеле 572 ученици во 13 мешани паралелки. Битолската Гимназија „Јосип Броз-Тито“, како тогаш, така и денес е во објект со голема историска и архитектонска вредност, заштитен споменик на културата. Во холот на гимназијата на мермерна плоча изложени се ликовите на пет народни херои Стеван Наумов-Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди кои учеле во гимназијата.

Учениците и наставниот кадар од секоја генерација со задоволство истакнуваат дека во гимназијата учеле и академиците Петре М. Андреевски, Томе Бошевски, Кирил Миљовски, Фанула Папазоглу, Коле Чашуле, Владо Камбовски, Љубен Лапе, Ѓорги Филиповски, Анте Поповски, Ѓорѓи Чупона, Михаил Петрушевски, Петар Серафимов,

Ристо Лозановски, Живко Попов, Димче Коцо, Александар Христов, Георги Константиновски и писателот Владимир Костов, почесен член на МАНУ.

СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, годинава јубилејот го слави со повеќе културно образовни настани, промоции и свечена академија „Експериментум Македоникум“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Mицкоски: Ќе се реши проблемот со Колска, а во понеделник вработените ќе добијат плата

Следно

Мицкоски: Реконструкцијата на студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ ќе заврши до 2026 година

Latest from Blog

ПОЖАРОТ НА КРИТ Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Изгорени се куќи, хотелите се загрозени, луѓе евакуирани со чамци (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во попладневните часови во среда (2 јули) во земјоделско-шумарска област, во градот Ахља во областа Ласити на Крит, избувна. Малку пред 20:30 часот, од бројот 112 е испратена нова

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог законот за изменување и дополнување

Марк Ферстапен се сели во Мерцедес?

Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул. Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.

Во неколку израелски напади низ Појасот Газа убиени 23 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени рано утринава во серија израелски напади низ Појасот Газа, според палестински извори, јавува Анадолу. Израелски воени авиони го бомбардираа училиштето

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат
Go toTop