ЈП Македонија пат: Сите патни правци се проодни

December 1, 2024
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.

-ЈП Македонија пат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Ѓавато и Маврово. Сите патни правци во државата се проодни, велат од јавното претпријатие.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Забрана за камиони на Стража, Пресека, Ѓавато и Маврово

Следно

Ирак објави дека целосно ги затворил границите

Latest from Blog

Забрана за користење дронови на територијата на Кочани и Штип

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови), за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип. Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата

Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Со 16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје започна собирот на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Илјадници граѓани се собраа да изразат поддршка и грижа во

Тв К1 за трагедијата во Кочани: Македонските власти, брзо, навремено и ефикасно работат на расветлување на случајот

Трагедијата во Кочани беше тема на дискусија во емисијата „УранакК1“ на српската телевизија К1 на новинарката Јована Јоксимовиќ, каде што новинарката јасно посочи на брзата реакција на македонските власти и изведување пред

ВИДЕО: Се палат свеќи на скопскиот плоштад во оддавање почит на загинатите во Кочани

Голем собир има во моментов на скопскиот плоштад, каде се собрани илјадници лица да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. На фонтаната сред плоштад се палат свеќи во спомен на
Go toTop