Јошевска Анастасовска во 24 анализа: Сите сме скептични кога се бираат судии поврзани со одредени имиња и презимиња

May 26, 2025
1 min read

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска во 24 анализа рече дека, иако не е голем поборник за тоа да не се бираат судии кои имаат блиски односи со функционери сепак е скептична за изборите на судии кои се поврзуваат со имиња и презимиња.

Според неа, да се биде судија не е само да се работи како судија туку и да се има одговорност.

„Јас лично и принципиелно не сум голем поборник дека ако судиите имаат блиски односи со функционери не треба да напредуваат но ние станавме скептични за секој избор посебно кога се поврзуваат со имиња и презимиња. Судството како никогаш претходно се бори за унапредување на својата доверба и гледаме дека постојано се разговара како да се крене довербата на судството и вакви некои избори не се добредојдени за да стекнеме доверба дека ќе има мерит критериум. Јас сум една од адвокатите која за речиси сите судии кои денеска напредуваа не би имала да кажам нешто лошо зошто не би напредувале. Не ги знам кандидатите кои се избрани но за овие навистина немам што да кажам. Да бидеш судија не е само да работиш како судија туку треба да има и одговорност“, рече Јошевска Анастасовска.

Таа зборуваше и за тоа дека не гледа проблем зошто сопругата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски не може да биде судија.

„Кога се споменува стручната работа на сопругата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски таа има напишано коментар на Законот за семејство кој е во секоја судска канцеларија и таа релативно млада е потпишана во таа книга и тоа не е нешто што може да се заборави. Треба да се врднува, значаен придонес е за мене тоа, таа книга секојдневно се употребува. Нејзинот сопруг што е претседател на Уставниот суд не гледам зошто би било проблем во конкретниот случај зошто сметам  дека можноста за влијание со оглед на немање контрола на Уставниот суд со другите органи не гледам на каков начин би се случило некаква злоупотреба. Вака како што е не го гледам проблемот“, додаде Јошевска Анастасовска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо стигна до 800 гола на клупско ниво

Следно

Арон Палмарсон заминува во пензија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop