Роналдо стигна до 800 гола на клупско ниво

May 26, 2025
1 min read

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо ја заврши сезоната во Саудиска Арабија на достоен начин.

40-годишниот напаѓач постигна гол во поразот на Ал-Наср од Ал-Фатех со 2-3 на гостински терен и стана најдобар стрелец во саудиската лига со 25 гола. Иван Тони од Ал-Ахли беше втор со 23 реализирани погодоци, додека Карим Бензема (Ал-Итихад) и Абдераза Хамдалах (Ал-Шабаб) постигнаа по 21 гол.

Роналдо сега има 936 гола во својата кариера и точно 800 на клупско ниво со екипите на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Наср. Кристијано постигна 136 гола за репрезентацијата на Португалија.

Против Ал-Фатех, петкратниот освојувач на „Златната топка“ го отвори резултатот во 42-та минута. По центаршут од корнер, топката беше додадена кон далечната статива до Роналдо, а тој со глава ја внесе во мрежата.

На крајот од полувремето, Матијас Варгас израмни за домаќините, но Ал-Наср повторно поведе четвртина час пред крајот со голот на Садио Мане. Натпреварот немаше значење за двата тима, кои делуваа доста нефокусирано во одбраната. Мурад Батна го изедначи резултатот на 2:2 во 81-та минута, а во продолжението Матеуш Мачадо му донесе успех на Ал-Фатех.

Ал-Наср заврши на третото место во конечниот пласман и не успеа да обезбеди квота за Азиската Лига на шампиони. Ал-Итихад ја освои титулата, додека минатогодишниот шампион Ал-Хилал заврши втор.

Во последното коло, Ал-Итихад го победи Дамак со 1-0, а голот го постигна холандскиот интернационалец Стивен Бергвајн. Ал-Хилал ја победи Ал-Кадисија со 2-0 со головите на српските ѕвезди Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Пукање во Тетово, нема повредени

Следно

Јошевска Анастасовска во 24 анализа: Сите сме скептични кога се бираат судии поврзани со одредени имиња и презимиња

Latest from Blog

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите

Азески со дипломатите во Дебар: Рударството мора да се развива со современи технологии и поголема безбедност

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со дел од дипломатскиот кор и бизнисмени од регионот, престојуваше во Дебар, каде што беа реализирани повеќе активности посветени на унапредувањето на

Љатифи: Македонскиот електропреносен систем функционира стабилно и покрај растот на обновливите извори

Македонскиот електропреносен систем во 2025 година функционирал стабилно и покрај зголемениот прилив на енергија од обновливи извори и динамичните промени на цените на регионалните пазари, вели генералниот директор на АД МЕПСО, проф.

БулМак 2016 го честиташе Денот на рударите: „Вашиот труд заслужува длабока почит“

Компанијата „Булмак 2016“ упати честитка до рударите по повод 28 август – Денот на рударите, изразувајќи почит и благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна работа во тешки услови. „Честит Ден на
Go toTop