ЈОРСМ: Изнесените информации за предистрагата за Онкологија се погрешни и може да ја вознемират јавноста

November 2, 2023
1 min read

реклама


Информациите изнесени  денеска во врска со предистрагата за Клиниката за онкологија се погрешни и можат да предизвикаат вознемирување на јавноста, реагира државното Јавно обвинителство во допис до медиумите.  

Како што и претходно соопшти, Основното јавно обвинителство Скопје во рамките на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија, со барање од 13 септември 2023,  веднаш ги обезбедило сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување за финансиското работење на Клиниката, за периодот од 1 јануари 2015 до март 2023 година.

реклама

Нагласува дека не станува збор за документи од свиркачи, туку за официјални документи од државни органи достапни на истрагата.

ЈОРСМ соопшти дека согласно информациите што ги добило од Фондот, во финална фаза на изработка е нов тримесечен извештај, за периодот до јуни 2023 година,  и дека по изработката тој извештај веднаш ќе му биде доставен на Обвинителството.

реклама

-Нагласуваме дека не постои и воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица. Предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле.  Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи, наведува ЈОРСМ. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во култура имаат еден од подобрите колективни договори во регионот, најниската плата е 55.000 денари

Следно

Ковачевски: Раскинување на договорот со изведувачот и барање нов е една од опциите за автопатот Кичево – Охрид

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop