Јордан: Израел нема да постигне мир без палестинската држава

October 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Јорданскиот министер за надворешни работи денес рече дека создавањето палестинска држава е клучот за мирот во регионот, јавува Анадолу.

„Без формирање на суверена држава за Палестинците, Израел нема да постигне мир“, рече Ајман Сафади на Конференцијата за иднината на Палестина во Анкара.

Тој рече дека Израел носи само уништување на регионот.

„Израел не бара мир и стабилност за земјите од регионот, бидејќи ја уништи Газа и ја проширува својата агресија против Либан“, додаде тој.

„Израел ја загуби војната и политички и морално“, рече Сафади.

Највисокиот дипломат истакна дека на ниту еден камион со хуманитарна помош не му било дозволено да влезе во Газа од 30 септември во време на нејзината тековна војна во енклавата.

„Израел продолжува да бомбардира засолништа, болници и училишта“, рече тој.

„Израел ја проширува својата контрола врз повеќе окупирани палестински територии со изградба на повеќе населби. Она што го прави Израел е воено злосторство“, рече Сафади.

Регионалните тензии ескалираа поради бруталната офанзива на Израел на Појасот Газа, во која се убиени речиси 42.300 луѓе, главно жени и деца, по 7 октомври минатата година.

Конфликтот се прошири и во Либан, а Израел започна со смртоносни напади низ целата земја, во кои загинаа повеќе од 1.542 луѓе, а беа повредени над 4.555 други од 23 септември.

И покрај меѓународните предупредувања дека регионот на Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, Тел Авив го прошири конфликтот со започнување на копнена инвазија на 1 октомври во јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во петок и сабота повремени врнежи и пониски температури

Следно

Гвардиола демантира дека ќе биде селектор на Англија

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop