ЈО со предлог за притвор за малолетникот кој вчера со автомобил усмрти пешак во Скопје

January 28, 2023
1 min read

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка кон дете во судир со законот за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Како што се наведува во соопштението од државното Јавно обвинителство, малолетникот на возраст од 17 години без да има важечка возачка дозвола вчера вечерта управувал автомобил „фолксваген голф“, сопственост на неговиот татко. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, доведувајќи го во опасност животот на луѓето.

-Возејќи по улицата „Босна и Херцеговина“, стигнал до крстосница со улиците „Александар Урдаревски“ и „Кемал Сејфула“, но не ја приспособил брзината на движење кон својствата и состојбата на патот. Како резултат на тоа, со предниот лев дел од автомобилот удрил во пешак кој го поминувал коловозот на обележан пешачки премин. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, се посочува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор бидејќи оценил дека постои опасност да се даде во бегство, да ја попречи постапката со влијание врз сведоците или да го повтори делото.​

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фон дер Лајен: Украина ја има безусловната поддршка од Унијата

Следно

Во Парламентот во Софија се подготвува декларација по нарушување на односите со Скопје

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop