ЈО ќе проверува евентуална поврзаност на убиството во Блаце и пожарот во Чаир

February 27, 2024
1 min read

Од јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопштуваат дека се постапува за откривање на сторителите за убиството во близина на Блаце и за пожарот во угостителски објект во Чаир и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази, стои во соопштението.

Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, од ЈО велат дека увид извршила увидна екипа на Министерството за внатрешни работи.

– Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани, дополнуваат оттаму.

Од МВР вчера соопштија дека едно лице е убиено со огнено оружје крај локалниот пат од Долно кон Горно Блаце во близина на Скопје.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Ги обоила веѓите и случајно заспала, па го покажа резултатот – 39 милиони прегледи за урнебесниот изглед

Следно

Атина без такси превоз

Latest from Blog

ВЛЕН: Изборот на Јустина Широка-Пула носи нов почеток за Косово

Косово покажа дека демократијата, политичкиот дијалог и почитувањето на институциите се патот за надминување и на најсложените политички ситуации, порача ВЛЕН. Од партијата го поздравуваат изборот на Јустина Широка-Пула за нова претседателка
Go toTop