Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија

December 13, 2024
1 min read

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак изјави во интервју емитувано доцна синоќа дека Киев се уште не е подготвен да започне преговори со Русија бидејќи нема оружје, безбедносни гаранции и меѓународниот статус што го бара.

Јермак ја даде изјавата за јавната телевизија Суспилне во време кога Зеленски јавно ја разгледува можноста за преговарачко решение за војната со Русија, предизвикана од инвазијата на Москва на соседната земја во февруари 2022 година.

-Немаме оружје, го немаме статусот за кој зборуваме. А, тоа значи покана за НАТО и јасни гаранции … за да можеме да бидеме сигурни дека Путин нема да се врати за две или три години, рече Јермак, кој негативно одговори на прашањето дали Украина во моментов е подготвена да започне преговори.

Минатата недела во Париз, Зеленски разговараше за „замрзнување“ на линиите со францускиот претседател Емануел Макрон и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а меѓу другото, тој предложи распоредување странски трупи во Украина додека земјата не се приклучи на НАТО.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магла на патот кон Попова Шапка и на Ѓавато и Плетвар

Следно

Почнува забраната за пушење во сите затворени објекти

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,
Go toTop