„Јас сум како ајкула“: Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

March 18, 2024
1 min read

Моника Белучи и на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот има совршена фигура, па ја открива тајната на својот изглед што, според многумина, сѐ уште е на незавидно ниво.

Италијанската глумица, имено, истакна дека не практикува вежбање, освен пливање и јога коишто едвај се вклопуваат во нејзиното напорно секојдневие, но јаде умерено. Таа, на пр., плива четири пати неделно по 45 минути и е убедена дека тоа е најдобриот начин да се одржи во форма.

-Јас сум како ајкула – постојано движење, па морам некако да преживеам. Понекогаш, сепак, за свое добро жената мора да најде начин да се одмори и да биде мрзелива. Мислам дека тенкото тело не е еднакво на убавината. Јас сум жена и имам облини. Мрзелива сум, никогаш не одам во вежбалници… Сакам чоколадо и тестенини и честопати одам во ресторани со моите пријатели. Не сум опседната со слабото тело. Сексапилноста не е секогаш младо и затегнато тело, вели Белучи.

Таа, вели, се труди да не се лишува од храна, туку ги ограничува порциите. Следи пример од нејзиното мени. Појадок: 150 мл. јогурт со парчиња јаболко; Ручек: 200 грама варено говедско месо, 200 гр. зелена салата со една кафена лажичка маслиново масло, една кришка пченкарен леб; вечера: Мала чинија бобинки, 150 гр. варен ориз со една лажица маслиново масло и 50 гр. преработено сирење, 150 гр. салата од зеленчук или овошје.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија без Влаховиќ на гостувањето во Москва

Следно

На полноќ истекува можноста за проверка во Изборниот список

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop