Јаревски во 24 анализа: Договорот со Велика Британија е можност за трансформација на Македонија

May 22, 2025
1 min read

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски во 24 анализа рече дека договорот со Британија е историска можност за трансформација на Македонија.

Според него, проектите нема да се насочени само за изградба на железници и патишта туку и за болници.

„Не станува збор само за кредит туку станува збор за историска можност за трансформација на Македонија. Говориме за серија на проекти кои ќе направат трансформација на државата и поквалитетно секојдневие. Од она што беше кажано е дека 6 милијарди се договорени и обезбедени согласно договорот со британската влада. За тие средства што ќе бидат искористени ќе биде гарант британската влада. Од тие 6 милијарди не значи дека сите ќе ги искроистиме, учиме од претходните грешки. Македонија исплаќа камати за повлечени но неискористени средства и тука нема да биде случај тоа, затоа што откако ќе имаме комплетен проект со сите фази на ревизии и контороли, согласно тој проект ќе излеземе во однос на договорот и притоа условите нема да бидат здраво за готово и ќе бидат разгледани повеќе понуди. И тие проекти ќе бидат споредени со сите законски решенија за да имаме поволна камата. Имаме 5 години грејс период. Пресметката на каматите ќе биде по завршувањето на проектот. Нивото на транспарентност за разлика од сите договори претходно овде е на поголемо ниво. Не зборуваме само за изградба на патиштата и железниците, ќе има и изградба на болници“, рече Јаревски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НБА ги објави најдобрите дефанзивни петорки

Следно

Во Градско се одржаа 58. Регионални спортски пензионерски игри од југот

Latest from Blog

ФФМ распиша конкурс за дизајн на новиот пехар за шампионот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига. Целта на конкурсот е да се изработи современо,

СО ОВОЈ ТРИК НЕМА ДА МОРА ДА СТРУГАТЕ МРАЗ ОД СТАКЛАТА НА АВТОМОБИЛОТ: Само вклучете ги бришачите и можете да возите

Утринскиот аларм ѕвони, надвор е длабок минус, а веќе ве фаќа студ при самата помисла на онаа омразена пластична стругалка и смрзнатите прсти. Решението за замрзнатите стакла на автомобилот не е во

Пикси пред нов ангажман?!

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Ете, и тоа го има. Конечно се најде клуб кој сака навистина да го ангажира Драган Стојковиќ – Пикси, некогашниот селектор на Србија. Станува збор за Рубин Казан,

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби на ова чувствително прашање од страна на дел од опозицијата, насочени кон
Go toTop