Јаревски: Ковачевски да каже дали Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите за со одлука на Влада да се бетонизира кај „Алумина“

December 21, 2023
1 min read

реклама


Пратеникот Тони Јаревски денеска на прес конференција посочи премиерот Димитар Ковачевски да не се крие и да каже дали Стевчо Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите, за без пречка да може да си го бетонизираат Карпош?

„Ковачевски да каже дали со Јакимовски разговарале како да го заобиколат Советот, и спротивно на волјата на карпошани да овозможат градење на висококатниците кај „Алумина“?

реклама

Кова ли власта планови за бетонизација на Карпош од која „Пуцко Петрол“ би инкасирал повеќе од 600 милиони евра?

Дали покрај планот за „Алумина“, Јакимовски му презентирал на Ковачевски и други проекти со потенцијална бетонизација од десетици милиони евра?

реклама

Почитувани,

Стевчо Јакимовски вчера ја одмолче средбата со Ковачевски. Очигледно коалицијата за бетонизација кај „Алумина“ работи под силна пареа.

реклама

Поради бизнис интересот на власта, Карпош ќе се бетонизира и ќе се претвори во тесно грло, сообраќајот ќе се отежни и ќе се наруши квалитетот на живеење во оваа општина.

Ниту на Ковачевски ниту на Јакимовски не им е гајле што од најзелената општина Карпош ја претвораат во бетонска џунгла.

Апелираме и до Ковачевски и до Јакимовски да не си играат со волјата на карпошани и да не се обидуваат да го бетонизираат Карпош“, вели Јаревски.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски медиуми: Хамас бара ослободување на тројца највисоки палестински лидери при договорите за размена со Израел

Следно

ИЗЛОЖБА ЗА 90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА РИСТО КАЛЧЕВСКИ ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop