Јапонската ракета експлодира за време на пробното истрелување

July 14, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Ракета експлодираше за време на пробното истрелување во Јапонија, соопшти Националната вселенска агенција, пренесува Анадолу.

Јапонската агенција за истражување на воздухопловството објави во соопштение дека ракетниот мотор „Епсилон С“ експлодирал во Центарот за тестирање Ноширо во планинската северна префектура Акита.

Никој не е повреден за време на инцидентот, се додава во соопштението.

Ракетниот мотор бил подложен на тестирање во втора фаза, но експлодирал само околу една минута по почетокот на тестирањето.

Јапонија во 2013 година првпат лансираше ракета од серијата „Епсилон“, а подоцна спроведе пет успешни лансирања на нејзините различни модели.

Сепак, минатата година на ракетата „Епсилон-6“ ѝ беше наредено да се самоуништи откако „отстапи од предвидената траекторија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД ја одобрија првата пилула за контрацепција без рецепт

Следно

(ВИДЕО) По тепачката во косовското собрание, пратеничка парадираше како во боксерски ринг

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop