Јапонија ги завршува подготовките пред Самитот на лидерите на Г7: Зголемени безбедносните мерки во Хирошима

May 14, 2023
1 min read

ТОКИО (АА) – Во Јапонија во тек се подготовките за Самитот на Групата седум богати индустриски земји (Г7), кој ќе се одржи во Хирошима, јавува Анадолу.

Јапонскиот премиер Кишида Фумио ја посети областа каде што se планира да се одржи Самитот за да го види напредокот на подготовките.

Самитот ќе се одржи од 19 до 21 мај во хотелот „Гранд принц“ во југозападниот крајбрежен град Хирошима.

Јапонскиот премиер го посети градот и ги надгледуваше безбедносните сили околу хотелот во кој ќе се одржи Самитот. Тој нареди приоритет да бидат мерките против тероризам.

„Како земја домаќин, должност на Јапонија е да обезбеди безбеден и непречен тек на историскиот Самит. Успехот или неуспехот на настанот почива на вашите рамена“, рече Кишида.

Тој рече дека, со оглед на моментната меѓународна ситуација, тоа ќе биде „најважниот“ Самит во историјата на Јапонија.

Во својата улога како претседавач со Г7 во 2023 година, Јапонија има цел да ги зајакне своите билатерални и регионални односи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Спалети: Сигурен сум дека ќе се договориме со раководството на Наполи

Следно

(ВИДЕО) Зеленски од Берлин: Германија се покажа како вистински пријател, заедно ќе го вратиме мирот во Европа

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop