Јанкуловска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација и ја уважи жалбата

October 12, 2023
2 mins read

реклама

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, при што решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 1 ноември 2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, информираат од Апелациониот суд Скопје.

По предметот оформен по молбата за условен отпуст на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, од Апелациониот суд Скопје информира дека било одлучувано на нејавна седница одржана на 4 октомври годинава.

реклама

– Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, се вели во соопштението од Апелација.

Заради  транспарентност во работењето, Апелациониот суд Скопје информира дека при одлучувањето ги имаше предвид списите приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржува казната затвор.

реклама

– Имено, судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми. Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица. Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела, со што е остварена и целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ, информираат од Апелационен суд Скопје.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк”. 

реклама

Освен Јанкуловска, за случајот со незаконската набавка на мерцедесто „С-600″ во износ од 600 илјади евра, Судот како виновни ги прогласи и поранешниот шеф на набавки во МВР Ѓоко Поповски и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ОН повикаа да се овозможи доставување хуманитарна помош во Газа

Следно

Израел потврди дека Хамас држи како заложници 97 Израелци

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop