Јаневска: Следната година 30 милиони евра за студентски стандард, за 18% проценти повеќе од буџетот годинава

November 19, 2024
1 min read

Буџетот за студентски стандард во 2025 година ќе изнесува 30 милиони евра или за 18% повеќе од годинава. Тоа подразбира повеќе и поголеми права и можности за студентите, но и повеќе за инвестиции во инфраструктурата која ја користите. Тоа е нашата честитка кон вас по повод Меѓународниот ден на студентите. Не празни зборови, туку конкретни дела.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска вечерва на настан по повод Меѓународниот ден на студентите кој го организираа Националното студентско тело (НСТ), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Младинскиот образовен форум (МОФ), а на кој присуствуваа и претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и премиерот, проф. д-р Христијан Мицкоски.

„Вакво обединување на државното раководство околу грижата кон младите, веројатно одамна не е видено. Сите имаме идентична цел и сплотени заложби – да имате доволно можности за развој на личниот потенцијал, да ги остварите вашите амбиции во родното огниште и да придонесете во градењето на силна и просперитетна Македонија“, рече Јаневска, додавајќи дека лошите политики во изминатите 7 години резултирале бројот на ученици да се намали за 17 илјади, а бројот на студенти за 7 илјади.

Министерката информираше дека во изминатите четири и пол месеци, прифатени се повеќе барања на студентските организации, со кои се проширија студентските права.

„Овозможивме бруцошите да користат субвенциониран оброк од први октомври, што не беше така до лани. Направивме промена на конкурсните услови за повеќе категории на стипендии да може да конкурираат што повеќе млади. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат и студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои до лани беа дискриминирани на некој начин“, додаде Јаневска.

Посочи и дека е започната етапна реконструкција на студентските домови, а од следната година ќе продолжи изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК. Ќе се работи и на нови закони за високото образование и за студентскиот стандард.

„Продолжете да вложувате во себе, сакајте ја Македонија и тука остварете ги вашите соништа“, им порача Јаневска на студентите.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Калин Ивановски елиминиран на турнирот во Италија

Следно

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop