Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

October 1, 2024
1 min read

Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

-Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.

Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира.

Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се  зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.

-Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.

Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Српски новинари добиле закани: „Куршум во тилот“ ако стапнете во Косово

Следно

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop