Јаневска на одбележување јубилеј 60 години ИСППИ: Вложувањето во науката отсега ќе биде континуиран процес, а не еднократна акција

September 24, 2025
1 min read

Министерството за образование и наука има јасна определба за поддршка на научната дејност и за нејзина стратегиска улога во општеството. И, кога говорам за поддршка, не мислам на еднократна акција, туку на континуиран процес со јасна визија и одржливи политики кои ќе изградат стимулативна средина што ќе ги охрабри домашните истражувачи да останат во науката, да се поврзуваат меѓународно и да генерираат знаење што ќе има корист за целокупното општество.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на одбележувањето на 60 години од основањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

– Овој Институт е меѓу првите високообразовни и научни институции што го трасираа патот на општествените науки во Македонија и сметам дека е важен центар на научната мисла и научното истражување во Македонија, чија работа ќе продолжиме да ја поддржуваме, рече Јаневска, напоменувајќи дека по подолг период, Министерството за образование и наука повторно додели финансиски средства за поддршка на научноистражувачки проекти на државните универзитети и факултети, научни институти и МАНУ, а еден од 15-те проекти од општествените и хуманистичките науки е предложен од истражувачки тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Со сета почит, рече министерката,  кон резултатите од Вашата досегашна работа, ценам дека Вие имате уште многу што да сработите, верувам во вашите капацитети и знам дека можете да помогнете во надминувањето на низа општествени предизвици.

– Потребно е заедно да ја подигнеме јавната свест за одвојување на суштински значајни и вредни теми за размислување и делување, од теми кои имаат за цел забавување и креирање урнебес. Ќе го споменам и пренесувањето на вистински вредности на новите генерации кои посветено ќе го чуваат тоа што некој со аманет им го отстапил. Создавање на генерации кои, на пример ќе се фокусираат на остварување на целите од Стратегијата за паметна специјализација на државата, наместо да се обидуваат да станат инфлуенсери на социјалните мрежи, напомена министерката во своето обраќање.

Јаневска се осврна и на новиот Закон за научноистражувачка дејност и на новиот Закон за високото образование кои се веќе во напредна фаза на подготовка и ќе претставуваат клучни алатки за остварување на развојот во научната сфера од повеќе аспекти.

– Во меѓувреме, Министерството за образование и наука ќе остане отворено за дијалог и партнерство со академската заедница како активен соработник во креирањето политики што ќе овозможат вистински општествен напредок, додаде Јаневска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска – Кочоска: Ново тело ќе ја следи реализацијата и ефектите од јавните проекти

Следно

Дали печурките се безбеден избор за јадење за време на бременоста?

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop