Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга, Мерко работи недомаќински

August 13, 2025
1 min read

Поради недомаќинско работење на градоначалникот Рамис Мерко и целото раководство во Општина Струга не им стигнуваат блок дотациите за основните училишта, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Прашана за коментар по вчерашната објава на Општина Струга дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година, Јаневска денеска на прес-конференција подвлече дека државата е во процес на децентрализација и оти постојат закони за тоа.

– Министерството не може и не треба да ги превземе ингеренциите на општината. Ние сме длабоко во процес на децетрализација и општинските училишта се под ингеренција на општината. Тоа што Општина Струга се жали дека блок дотациите не и стигнуваат, јас сум убедена дека е резултат на недомаќинско работење на градоначалникот и Општината и целото раководство, рече Јаневска.

Таа потсети на незаконското поставување директори во неколку училишта на територија на општина Струга, а кажа и дека има сознанија за незаконски вработувања и неодобрени паралелки.

– Таму се случуваа незаконски дејствија, незаконско поставување директори. Моите информации велат дека има незаконско вработување во одредени училишта и неодобрени паралелки. Претпоставувам дека се е тоа во корист на политички цели, а никако во корист на образванието. Тие што ја водат општината треба да се способни со коректно работење да се справат и со проблемите, доколку не се, идат избори па ќе видиме граѓаните што ќе одлучат, рече Јаневска.

Општина Струга вчера на својот фејсбук профил објави дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година поради немање доволно средства за исполнување нормални услови за одвивање на образовниот процес во 12 основни училишта.  Во објавата го известуваат Министерството дека од 1 септември 2025 година нема обврска да им испраќа блок-дотации на жиро-сметката на Општината, бидејќи, додаваат, од тој датум сите надлежности за основните училишта ќе бидат во нивни раце.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Исплатени се субвенциите за ранливите семејства

Следно

ВИДЕО: Австрија испрати конвој возила и голем тим за Црна Гора, масивни пожари се уште беснеат

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop