„Јадро“ со реакција за неисполнети обврски на Министерството за култура и на Град Скопје кон независната културна сцена

June 16, 2023
2 mins read

Министерството за култура доцни со распишување на конкурсот за проекти од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура, реагираат од Асоцијацијата Јадро“, која обединува невладини организации и поединци од независната културна сцена. Станува збор за конкурс преку кој државата покрива 20 од 40 отсто од потребните средства, а останитите 60 отсто се европски пари. Од „Јадро“ доцнењето на конкурсот го сметаат за крајно неодговорен чин од ресорот Култура.

Од Министерството за култура за Телма велат дека конкурсот за учество во финансирање на проекти на правни лица, поддржани од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура, ќе биде објавен во септември, заедно со годишните конкурси за подршка на проекти од национален интерес по дејности и области, со цел негово соодветно администрирање. А, за исплатата на надоместоците за самостојните уметници, од ресорот демантираат дека е во застој. Велат дека во тек е исплатата за месец мај, согласно процедурите и динамиката на овие ставки.

Јадро – Асоцијација на независната културна сцена ја упатува оваа реакција до Министерството за култура и Град Скопје за итно решавање на проблемите на претставниците на независниот сектор во културата:

• Министерството за култура итно да објави конкурс за Програмата на Креативна Европа,
• Град Скопје итно да ги објави резултатите од конкурсот за проекти во 2023 година, и
• Министерството за култура навремено да врши исплата на надоместоците за
самостојните уметници.

Независниот културен сектор како главен носител на културните активности во земјава своите активности ги заснова главно на Програмата на Креативна Европа. Навременото објавување на конкурсот за Програмата на Креативна Европа од страна на министерството е нужен предуслов
независниот сектор да може да ги планира своите активности. Министерството за култура е обврзано да учествува во кофинансирањето на проектите поддржани од оваа програма.

Град Скопје е должен итно да ги објави резултатите на Конкурсот за финансирање на програми, проекти и активности од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2023 година објавен уште во октомври 2022 година. Години наназад овој конкурс на Град Скопје е со проблематична
транспарентност и исклучително ниски расположливи средства. Необјавувањето на резултатите е несериозно и неодговорно кон граѓаните на град Скопје!

Министерството за култура е должно навремено да ги исплаќа надоместоците на самостојните уметници. Секое доцнење на исплатите е дополнителен и неприфатлив финансиски притисок врз самостојните уметници. Досега се исплатени само првите три месеци од 2023 година, затоа итно бараме да се исплатат и последователните три месеци (април, јуни и јули). Од тоа страдаат уметниците, страда нивната уметност и страда културно-уметничкиот живот во државата.

Ги повикуваме Министерството за култура и Град Скопје на одговорност и доследност во поддршката на независната културна и уметничка сцена. Ова е одговорност не само кон културно-уметничките работници, туку е одговорност кон сите граѓани и даночни обврзници.
Сите заслужуваме богата и достојна културно-уметничка сцена! Јадро – ќе достави допис до институциите во текот на денешниот ден, стои во писмената реакција на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО ПЕТ НАГРАДИ ЗА „СЕ ВИКАМ МЕДЕЈА“ И „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“ НА „ЧЕРНОДРИНСКИ“

Следно

Украина: Русија го нападна Киев со ракети „Кинжал“ и „Калибар“

Latest from Blog

Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните

Андоновски: Државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но може да отвори јавна расправа

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите. На новинарското

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра

Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг. Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка,
Go toTop