Јаболкото е најкорисното овошје за здравјето, ама не е сеедно во кој дел од денот го јадете

October 23, 2025
1 min read

Јаболката се без сомнение едно од најкорисните овошја што можеме да ги вклучиме во нашата секојдневна исхрана. Но, постои важно прашање: Кога е вистинското време да се консумира ова чудотворно овошје?

Ова чудотворно овошје се карактеризира со бројни придобивки: јаболката се богати со диетални влакна кои одржуваат чувство на ситост и го поддржуваат здравото варење; богати сесо антиоксиданси, кои можат да помогнат во спречувањето на разни болести.

Витаминот Ц во нив го зајакнува имунолошкиот систем и нè штити од настинки и грип; калиумот во јаболката нè одржува хидрирани и ни дава енергија; јаболката исто така содржат витамини А и Б6, ова овошје е идеална опција за лесна, нискокалорична ужина.

Кога е вистинското време да се консумира ова чудотворно овошје е многу важно прашање. Најлошото време за јаболка е навечер, кога нашиот метаболизам се намалува и телото се подготвува за одмор. Во овој период, нашето тело не е во можност ефикасно да ги разгради хранливите материи во јаболкото, што може да резултира со нивна загуба. Утрото е совршено време да уживате во јаболка од повеќе причини.

Освен што го намалува ризикот од разни болести и помага во одржувањето на здрава тежина, јадењето јаболка наутро може да нè одржи активни во текот на целиот ден. Исто така, нивната висока содржина на влакна помага да се чувствуваме сити подолго време.

Иако утрото може да биде идеално време за јадење јаболка, постојат и други периоди во текот на денот кога треба да бидете внимателни. На пример, јадењето јаболка по тренинг може да биде контрапродуктивно бидејќи вашето тело потоа бара протеини и јаглехидрати за да ги поправи мускулите и да ја врати енергијата. Наместо тоа, дајте му на вашето тело хранливи материи што му се потребни по тренингот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Следно

ЛЕ: Ренџерс и Миовски со убедлив пораз, Брага ја “реши“ Ц. Звезда!

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop