Ја нарече ЕУ „хартиен тигар“- многу реакции против министерката за надворешни работи на Косово

July 9, 2023
2 mins read

Откако во саботата на нејзиниот говорот на Форумот во Дубровник министерката за надворешни работи на Косово Доника Гервала изјави дека ЕУ без САД и НАТО е „хартиен тигар“ на безбедносен план, наиде на бран реакци и од опозицијата во Косово и од меѓународниот фактор. Гервала на форумот кажа дека ЕУ не може да обезбеди мир и безбедност во Европа.

„Клучното прашање за безбедноста на Западен Балкан е дали Европската Унија може и дали е единството и унијата што може да гарантира безбедност и мир во Европа? Моја проценка е дека ЕУ не може! Причините се очигледни: нема политичка волја, има многу несогласувања во унијата и без САД и НАТО, ЕУ е „хартиен тигар“ на безбедносен план. Бидејќи ЕУ го знае тоа, бара постојана смиреност. Сепак, ова е опасно. Смирувањето на ЕУ со Русија предизвика Путин да ескалира, а неодамнешното смирување на агресивните актери во нашиот регион од страна на ЕУ ги поканува автократите да ескалираат уште повеќе – тестирајќи го Западот и можеби дури и влегуваат во војна, а тие продолжуваат да се закануваат многу пати сега со целосна поддршка од Путин“

рече Гервала.

На изјавата на Гервала реагираше специјалниот преставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој рече дека за разлика од Гервала смета дека се што позитивно се случи на Балканот е комбинација од соработката на Европска унија и САД.

„Нашата политика на Балканот остана многу конзистентна од 90-тите и очекувам вака да продолжи. Нашата политика се заснова на три столба: првиот е европската интеграција, жал ми е што не се согласувам со мојата косовска колешка, но сè позитивно што се случи на Балканот во текот на последната генерација беше комбинација на европско-американска соработка, затоа и интеграцијата е нашата највисока аспирација за регионот“

рече Ескобар.

И емисарот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, и реплициареше на министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала. Во својата реплика Лајчак рече дека „ЕУ е далеку од совршена, но е најдоброто што го имаме“.

„Не постои друга унија на држави на оваа планета која донела политичка стабилност, економски просперитет, поголема социјална кохезија и почитување на човековите права. Така што мислам дека влезот во ЕУ е достигнување и сон на земјите кои тропаат на вратите на ЕУ“,

додаде Лајчак.

Покрај од меѓународната заедница, критики на адресата на Гервала дојдоа и од опозициските партии во Косово.

Потпретседателката на ПДК, Влора Читаку, рече дека изјавата на Гервала е неодговорност, како што рече, помешана со мегаломанија и незнаење.

„Каква неодговорност, помешана со мегаломанија и незнаење. Всушност, овие три обично одат заедно. За референца, Мао Цетунг ги нарече САД „тигар од хартија“.

напиша Читаку.

Портпаролката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Сибељ Хаљими рече дека Гервала ја донела Приштина, со нејзините коментари, против ЕУ,таа додаде дека дипломатската ситуација на Косово е мизерна и опасна.

Додека Косово ги доживува црните денови под санкциите на ЕУ, стана една министерка од Косово, која за жал на новата држава -која ја држи функцијата главен дипломат – и бара одговорност од ЕУ за безбедноста.Речиси како блокот на европските земји и должат лично на г-ѓа Гервала-Шварц“.!? Таа ја напаѓа ЕУ како „тигар од хартија“ “алудирајќи дека ЕУ треба да му обезбеди безбедност на Косово и евентуално да војува за тоа“.

рече Халими.

Косовската опозицијата остро ја критикуваше косовската влада дека ги нарушува односите со сојузниците, предупредувајќи на активности за спротивставување на пристапот на владата кон кризата на северот на земјата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

БиХ: Посмртните останки на 30 жртви од Сребреница со солзи и молитви испратени од Високо

Следно

Азербејџан: Ерменија се обидува да изврши извидувачки летови над Нахчиван и Лачин

Latest from Blog

Почнаа подготовките за локалните избори – Вреди прво ќе формира партија, а бара Таравари да излезе од Владата

Политичките партии ги почнуваат подготовките во пресрет на локални избори наесен, веќе се прават калкулации кој како ќе настапи, дали ќе има изборни коалиции и со каква поддршка. Од коалицијата ВРЕДИ велат

Со „анархија, презир, безумие и гнев“ беа оценети политиките на министерот за култура на денешниот протест на Синдикатот

Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и поради непочитување на колективните договори. На советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување

Додека Владата чека објава на цените на интернет, трошоците за храна растат

Во услови на растечка инфлација и сè поголем притисок на домашниот буџет, најновото зголемување на синдикалната минимална кошничка за април 2025 година за 836 денари на 62.691 денар укажува на сериозни предизвици

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за предлогот на Зеленски за ненапаѓање на цивилната инфраструктура

Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека во моментот нема

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена, претставници на сегашните коалициски партии

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово денеска  информираше дека во текот на неделата партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателство кое ќе се
Go toTop