Ја имаме првата премиерка која им се извини на невакцинираните

June 20, 2023
1 min read

Строги карантини, задолжителни маски и вакцинирање ако се сака да се задржи работното место беа некои од мерките кои се спроведуваа во Канада за време на ковид пандемијата.

Оние кои не беа вакцинирани не можеа да користат јавен транспорт и да посетуваат јавни места за каде се бараше доказ за вакцинираност, фамозните ковид-пасоши.

„Згрешивме,“ рече премиерката на канадската провинција Алберта, Даниела Смит, преземајќи храбар и без преседан чекор од врвен политичар да им се извини на невакцинираните за нефер третманот што го претрпеа во вакциналната хистерија.

Доблесната Смит не остана само на извинување туку вети дека ќе биде вратен на работа секој кој го изгубил местото заради довчерашните критериуми за подобност.

Некои конзервативни коментатори беа вонсериски изненадени од потегот на првата политичарка на Алберта.

На Даниела Смит ова не ѝ е првпат да оди контра струјата. Брзо штом стапна на функција, го предупреди првиот човек на Светскиот економски форум, моќниот Клаус Шваб, дека е крајно невкусно неговото фалење колку ги контролира политичките и државни лидери во светот.

„Мислам дека е тоа навредливо за сите оние кои би требало да бидат контролирани и водени од оние кои гласале за нив,“ изјави Смит.

Во последно време, канадскиот премиер се обидува да ја ретушира историјата и тврди дека никогаш никој не бил присилуван да се вакцинира, иако на сите невакцинирани им порачуваше да не помислуваат дека можат да се качат во автобус или авион.

„Тие не веруваат во наука и прогрес и често се мизогинистички и расистички екстремисти… Како лидер на земјата, тоа ме доведува до дилема: Ќе ги толерираме ли овие луѓе?“, викаше на времето.

Во поново време ќе каже дека вакцините имале потенцијални нус појави и дека има луѓе кои и сериозно разболеле од тоа, ама никој не бил присилуван…

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марсело Брозовиќ се сели во Саудиска Арабија

Следно

Белата куќа: Џо Бајден го поддржува синот Хантер кој се изјасни за виновен за нелегално поседување оружје и даночни малверзации

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop