Извршен вонреден инспекциски надзор во кумановската болница по смртта на родилката

October 2, 2024
1 min read

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти денеска в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непроменета, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.

– Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.

– Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски државјани се јавувале во амбасадата во Израел, но досега никој не побарал помош или евакуација

Следно

Кина се противи на израелските копнени напади врз Либан

Latest from Blog

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон
Go toTop