Извештај: Израелската армија планира да остане во Газа најмалку до крајот на 2025 година

November 13, 2024
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Израелската армија гради инфраструктура, ги проширува патиштата и поставува големи објекти во Газа, а тоа покажува дека планира да остане во енклавата најмалку до крајот на 2025 година, објавија денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.

„Работата напредува со полна брзина. Она што пред неколку месеци беше земјен насип со урнатините од уништените згради, сега е многу активно градилиште. Се градат широки патишта, се поставуваат мобилни антени, водоводни, канализациски и електрични мрежи и, секако, тука се објектите, некои монтажни, а други не“, објави „Хаарец“.

„Развојниот импулс е во полн ек, а целта – без оглед дали за тоа се зборува отворено или не – е јасна: изградба на инфраструктура за продолжен престој на армијата на терен, барем во првата фаза.“

Според израелскиот дневен весник, армијата дејствува за задржување на контролата во најмалку четири големи области во различни делови на палестинската енклава.

„Коридорот, кој води до поранешната локација на населбата Нецарим, е широк од пет до шест километри и долг околу девет километри“, се наведува.

Извори за „Хаарец“ велат дека димензиите не се конечни и дека армијата „моментно работи на нивно проширување“.

Маршрутата е една од главните точки на спор во разговорите за прекин на огнот во Газа бидејќи Хамас инсистира на целосно повлекување на Израел, а премиерот Бенјамин Нетанјаху бара механизам за спречување на палестинските борци да се движат од јужниот дел во северниот дел на Газа.

Весникот наведува дека областа Салах ал-Дин (Филаделфи) е коридор на јужната граница меѓу Газа и Египет.

„Армијата веќе срамни со земја големи површини од двете страни: некаде околу еден километар, некаде дури три. Политичкото раководство побара дури и дополнителен километар, но воени извори велат дека во некои области е невозможно четири километри бидејќи тоа би значело уништување на цели населби во Рафа. Веројатно тоа би ја налутило меѓународната заедница“, пишува „Хаарец“.

Според извештајот, најдолга област е појасот по должината на источната граница меѓу Газа и Израел.

„Тоа е тампон зона која навлегува најмалку еден километар меѓу израелските заедници во близина на границата со Газа и првите куќи во Газа. Целта е заканата од противтенковски проектили да се држи што подалеку од израелските домови. Средството за постигнување на тоа е уништување на цели населби“, се наведува.

„Како што изгледа на терен, израелската армија нема да ја напушти Газа пред 2026 година“, изјави за „Хаарец“ офицер од една од бригадите што се борат во Газа.

Израел продолжува со својата разорна офанзива во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година. Во нападите се убиени над 43.700 Палестинци, а енклавата е речиси несоодветна за живеење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исклучени пумпите на хидросистемот „Ѓавато“ – место да се полни Дојранското езеро, водата поплави ниви

Следно

Победија граѓаните на Кочани

Latest from Blog

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите
Go toTop