Исклучени пумпите на хидросистемот „Ѓавато“ – место да се полни Дојранското езеро, водата поплави ниви

November 13, 2024
1 min read

Денеска се исклучени трите пумпи на хидросистемот „Ѓавато“, кои минатата сабота беа активирани за полнење на Дојранското Езеро, пишува СДК.МК.

Според нив, иако водата не стигнала до каналот за езерото, поплавени се земјоделски површини покрај цевководот, вклучително и нива со пченица.

Од Хидросистемот „Ѓавато“ потврдија дека пумпите биле исклучени поради оштетувања на цевководот и многу диви приклучоци од земјоделци. Тие признаа дека било потребно да се санира цевководот, а не само да се активираат пумпите, бидејќи протекува водата на неколку места.

Министерот за животна средина, Изет Меџити, ја активираше пумпната станица на 9 ноември, објавувајќи дека ќе бидат потребни дополнителни пумпи за да се постигне посакуваниот капацитет за полнење на езерото. Тој посочи дека санирањето на цевководот и справувањето со дивите приклучоци е неопходно за долгорочен успех.

Хидросистемот „Ѓавато“, изграден во 2002 година за да го спасува Дојранското Езеро, беше исклучен минатата година поради високите трошоци за електрична енергија. Системот се користел и за наводнување на земјоделски површини и снабдување со вода на браната Паљурци.

Целиот текст ТУКА

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По 11 години уапсен убиец од Порој

Следно

Извештај: Израелската армија планира да остане во Газа најмалку до крајот на 2025 година

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop