Извештај: 2024 година најсмртоносна година за новинарите

February 13, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – 2024 година важи за најсмртоносна година за новинарите со најмалку 124 убиени новинари, од кои речиси две третини во нападите поврзани со Израел, се вели во извештајот на Комисијата за заштита на новинарите (CPJ), јавува Анадолу.

Во извештајот објавен вчера се нагласува дека зачестеноста на глобалните конфликти, политички, криминални или воени, е двојно зголемена во последните пет години, што доведе до значителен пораст на смртните случаи на новинари во земји како Судан, Пакистан и Мјанмар.

Најголемо влијание врз медиумите е рекордниот број на новинари и медиумски работници убиени во конфликтот меѓу Израел и Газа, со 85 смртни случаи во 2024 година и 78 во 2023 година.

„Новинарите се сметаат за цивили во меѓународното хуманитарно право и нивното нишанење при конфликти е воено злосторство“, се наведува во извештајот.

Исто така се истакнува дека убивањето новинари и медиумски работници ги потенцира растечките опасности со кои се соочуваат медиумите и зголемената закана за протокот на информации низ светот.

„Условите можат да станат посмртоносни за медиумите кога оние што убиваат новинари не се повикани на одговорност. А помалку новинари значат помалку информации за граѓаните кои ја бараат вистината“, се вели во извештајот.

Вкупниот број од 124 смртни случаи на новинари во светот го надминува претходниот рекорд во 2007 година од 113 новинари, година кога речиси половина од жртвите се должат на војната во Ирак, според Комисијата за заштита на новинарите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работен комитет на тема „Безбедност во сообраќајот“ со учество на претставници од МВР

Следно

Полна Месечина се издигна над планината Артос во Туркије, создавајќи волшебна глетка

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop