Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција, најмногу пријави во Парга

July 8, 2024
1 min read

За само пет дена надлежните служби од Министерството за национална економија и финансии на Грција разгледале над 1.000 пријави од граѓани поднесени преку специјалната апликација MyCoast и преку специјалниот телефонски број за неправилности на плажите во земјата, а од спроведените контроли досега биле изречени казни од над 350.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис рече дека масовните контроли во последните неколку дена „покажуваат дека сликата на плажите е очигледно подобрена од претходните години“, но дека сепак постојат нелегалности кои се откриваат и со придонес на граѓаните.

– Нашата цел е од една страна да ја заштитиме и животната средина и правото на граѓаните на слободен пристап до плажите, а од друга страна да го зачуваме нашиот туристички производ како и здравите бизниси претставени од бизнисите правилно си ја работат работата, рече Хаѕидакис.

Во изминатите пет дена, како што соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција, биле спроведени контроли на 14 плажи, а најмногу пријави од граѓаните, вкупно 169, имало за 13 бизниси во Парга, каде што било констатирано проширување на плажите вон дозволеното.

Пријави имало и за плажи на Халкидики, во Ситонија и Каликратија, за плажи на островите Крф, Родос, Егина, Калимнос, како и за плажи во близина на Атина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристески за ТВ 24: Македонија е подготвена за реформи и ќе ги почитува насоките од НАТО и ЕУ

Следно

Спасовски за ТВ 24: Нема никакви пропусти во истрагата за двојното убиство

Latest from Blog

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop