Израелците убија петмина Палестинци во напад врз цивилно возило во Газа

August 1, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Петмина Палестинци се убиени, а неколку се повредени во напад на израелски авиони врз цивилно возило во централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Извори во болницата „Шухада Ал Акса“ за Анадолу изјавија дека медицинските тимови пренеле пет тела и сѐ уште не е утврден бројот на повредени лица.

Цивилната заштита на Газа на Телеграм објави дека неколкумина загинале и има повредени при напад на израелски авиони врз приватен автомобил во близина на влезот на бегалскиот камп Магази во центарот на Газа.

Идентитетот на жртвите не е потврден веднаш.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 39.400 Палестинци, главно жени и деца, а околу 91.000 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнениот напад врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Загушување на Јутуб: Цензурата на Кремљ влегува во непознати води

Следно

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop