„Израелските злосторства во Газа продолжуваат да го газат не само меѓународното право туку и сите хуманитарни вредности“

March 18, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Континуираните злосторства на Израел во Појасот Газа не само што го занемаруваат меѓународното право туку и сите хуманитарни вредности, изјави министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, известува Анадолу.

„Израелските злосторства продолжуваат да го газат не само меѓународното право, туку и сите хуманитарни вредности во Газа“, рече Хакан Фидан во своето обраќање во турската област Бурса.

Фидан нагласи дека израелските напади се протегаат и надвор од Газа, посочувајќи дека палестинската земја на Западниот Брег е заземена со тероризмот на доселениците над Палестинците.

„Туркије продолжува да работи на сите нивоа за да ставиме точка на угнетувањето. Никогаш нема да ги оставиме нашите палестински браќа“, додаде министерот Фидан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска ја нападна болницата „Ал Шифа“ во Газа

Следно

Продолжува конститутивната седница на Собранието на Србија

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop