Израелските сили убија тројца Палестинци во окупираниот Западен Брег

March 12, 2023
1 min read

Израелските сили извршија напад во близина на градот Наблус, што се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег, при што животот го загубија тројца Палестинци, пренесува Анадолу.

„Генералниот совет за цивилни работи (при Палестинската ослободителна организација) ни пренесе дека тројца Палестинци го загубиле својот живот како резултат на отворениот оган од страна на окупаторите во близина на Наблус“, се вели во соопштението на палестинското Министерство за здравство.

Во веста на палестинската државна телевизија се нагласува дека израелската војска нишанела кон возило на Палестинците на воената контролна точка во близина на Наблус. Во веста не се дадени повеќе детали.

Меѓу другото, портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае, изјави дека во „вооружениот судир“ во Наблус се убиени тројца Палестинци, и дека едно лице е приведено. Според него, во случајот нема повредени израелски војници.

– Масакрот на израелската војска во Наблус

Израелските сили на 22 февруари извршија рации во повеќе зони во Наблус, што се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег.

Израелските војници опколија една куќа во историската зона Стар град во Наблус, и со вистински куршуми интервенираа врз Палестинците кои протестираа против рацијата. Во нападот загинаа 11 Палестинци, меѓу кои и едно дете и две постари лица, додека над 100 Палестинци беа повредени, од кои шест беа тешко повредени.

Инаку, 84 Палестинци, меѓу кои деца и жени, загинаа во нападите на израелската војска и еврејските доселеници извршени од почетокот на годината досега во границите на окупираниот Западен Брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски на конференција во Брисел во организација на „Friends of Europe“

Следно

Објавена видеоснимка од стравотниот верижен судир кај Будимпешта

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop