Израелските сили убија 30.631 Палестинец во Газа од 7 октомври

March 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројката на загинати Палестинци во израелската смртоносна офанзива врз Појасот Газа што започна на 7 октомври се зголеми на 30.631, а ранети се 72.043, известува Анадолу.

Во соопштението објавено во моментите кога израелските смртоносни напади врз Газа влегуваат во својот 151 ден, се вели дека досега се повредени 72.043 Палестинци.

„Во изминатите 24 часа израелската војска изврши 10 масакри низ Газа, убивајќи 97 и ранувајќи 123 Палестинци“, се вели во соопштението на Министерството за здравство на палестинската енклава.

Во продолжение се наведува дека голем број лица се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачките екипи не можат да дојдат до нив поради постојаните израелски напади.

По нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници убивајќи најмалку 30.534 Палестинци и ранувајќи 71.920.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските напади врз Појасот Газа и понатаму продолжуваат со ненамален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неверојатни 7 милиони денари за добивки, им се исплатени на играчите на 2win.мк

Следно

Завршија преговорите за прекин на огнот во Газа, нема договор меѓу Израел и Хамас

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop