Израелски медиуми: Деталите од договорот за прекин на огнот со Хамас би можеле да бидат финализирани за неколку дена

December 19, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелскиот Канал 12 доцна синоќа објави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот и размена на заложници, пренесува Анадолу.

Се наведува дека деталите од договорот може да бидат финализирани „во рок од неколку дена“, иако остануваат одредени спорни точки.

Канал 12 објави дека преговарачките тимови постигнале значителен напредок во намалувањето на јазот, при што првата фаза од договорот, наводно, стигнала до завршна фаза.

Се додава дека се очекува израелската делегација наскоро да се врати од Катар и да го оцени нивото на напредок во преговорите.

Каналот објави дека денес се очекува да се одржат консултации во Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на кои ќе присуствуваат министерот за одбрана Израел Кац, министерот за стратегиски прашања Рон Дермер и клучни лица од безбедносниот естаблишмент. Консултациите ќе се фокусираат на напредокот на преговорите и други детали.

Според каналот, Нетанјаху применува строга доверливост во однос на преговорите, споделувајќи детали само со клучните безбедносни претставници. Оваа тајност има цел да спречи потенцијални спорови во владината коалиција. Наводно, тој дал строги упатства да не се откриваат никакви детали од договорот во оваа фаза.

„Високи израелски претставници тврдат дека деталите од договорот би можеле да бидат финализирани во рок од неколку дена, а целосен договор би можело да се постигне во рок од неколку недели“, објави каналот.

Но Хамас допрва треба да одговори на едно од најзначајните несогласувања во преговорите, истакнува каналот.

Една од главните спорни точки е дали палестинската група ќе се согласи на делумен договор без гаранции за ставање крај на војната во следните фази.

Другите несогласувања, наводно, се однесуваат на палестинските затвореници што треба да бидат ослободени, на прашања поврзани со коридорот Филаделфи, механизмот за враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа и депортацијата на постарите затвореници во други земји.

За овој извештај нема официјални реакции од израелската Влада или од Хамас.

Израел, кој според групите за правата на затворениците држи над 10.000 Палестинци во своите затвори, проценува дека во Газа има околу 100 израелски заробеници.

Хамас соопшти дека 33 заробеници се убиени во неселективните израелски воздушни напади врз енклавата.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување прекин на огнот досега беа без успех поради одбивањето на Нетанјаху да ја запре војната.

Израел ја продолжи геноцидната војна врз Газа во која од нејзиниот почеток на 7 октомври минатата година досега убиени се над 45.000 луѓе, повеќето жени и деца.

Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митески: Аеродром аплицираше со девет проекти во вредност од 3,4 милиони евра одобрени од Владата, стартуваме со засилено темпо за нивно реализирање

Следно

АФЕРА ДИНАМО: Затвор и парична казна за синот на Здравко Мамиќ

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Граѓаните што имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина во главната филијала во Битола, соопшти Народната банка. Исплатата
Go toTop