Израелски медиуми: Албанците преговараат со Трамп за прифат на 100.000 Палестинци од Газа, Рама демантира

January 28, 2025
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама го демантираше извештајот на израелската телевизија Канал 12 во кој се тврди дека неговата влада преговара со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за да прими околу 100.000 Палестинци од Газа.

-Одамна не сум слушнал нешто толку лажно, а во последно време има многу лажни вести! Апсолутно не е точно, напиша Рама на X.

Изразувајќи целосна почит и солидарност со граѓаните на Газа, Еди Рама рече дека Албанија никој не ја прашал ниту можела да размислува да преземе таква одговорност.

-Ние сме горди на нашето цврсто пријателство со Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и секако со палестинскиот народ, чија држава Албанија одамна ја призна, рече албанскиот премиер.

Истакнувајќи дека Албанија не е на Блискиот Исток, тој рече дека земјата „од срцето на Европа не може да направи ништо повеќе од која било друга европска земја“.

-Сепак, посакуваме и се молиме на палестинскиот народ да му се даде можност да живее во сопствена држава, како слободни луѓе под демократска власт, заклучи Рама.

Израелскиот Канал 12 јави дека Израел верува дека повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Јордан и Египет да прифатат палестински бегалци е нереален и оти Вашингтон бара други домаќини, како што е Албанија. Ен-Би-Си Њуз претходно овој месец јави дека САД ја разгледуваат и Индонезија како место за прифаќање на Палестинци од Појасот Газа.

Трамп го даде својот контроверзен предлог во саботата, сугерирајќи дека е време да се „исчисти“ Појасот Газа и да се преселат Палестинците во Јордан и Египет. Палестинските, јорданските и египетските власти категорично го отфрлија предлогот на Трамп. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студенти во Нови САД нападнати со безбол палки, една девојка потешко повредена

Следно

Сиљановска- Давкова го посети Јагелонскиот универзитет во Краков и оствари средба со македонистите од Полска

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop