Израелски безбедносни извори тврдат дека повеќе нема воени цели во Газа

August 17, 2024
1 min read

Два неименувани израелски извори му рекле на јавниот сервис Кан дека бригадите на Хамас во Рафа во Појасот Газа „речиси повеќе не постојат“, што значи дека има многу малку воени цели, објави денеска пан-арапскиот медиум Ал-Араби Ал-Џадид, со седиште во Лондон, пренесе Бета.

Сепак, истите извори рекоа дека Израел може „да се врати и повторно да влезе во Појасот кога ќе бидат достапни нови разузнавачки информации, но дека, генерално кажано, воените операции во Газа се завршени“.

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека армијата веќе ги информирала политичарите во претходните денови дека бригадите Рафа на Хамас биле поразени, наведува Бета.

Израелските безбедносни претставници, наводно, го информирале политичкото раководство дека „дојде време да се склучи договор за размена на затвореници, бидејќи повеќето борбени единици на Хамас се уништени“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адвокатот Кочи: Рамадани нема да биде да биде вратен во Македонија

Следно

Нашата микробранова има своја заедница микроби

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена
Go toTop