Израелската војска приведе 32 Палестинци во рации на Западниот Брег

August 29, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската војска приведе 32 Палестинци во воените рации денес на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Палестинското здружение на затвореници соопшти дека приведувањата се случиле во градовите Хеброн, Витлеем, Рамала, Наблус, Тулкарем и Џенин.

Не е наведена причината за приведувањата.

Според невладината организација, од почетокот на оваа година израелската војска привела над 5.000 Палестинци.

Од страна на израелската војска сè уште нема соопштение за приведувањата.

Израелската војска често спроведува опсежни кампањи за приведување Палестинци низ окупираниот Западен Брег и Источен Кудс (Ерусалим) под образложение дека трага по „барани“ Палестинци.

Според палестинските податоци, Израел моментално држи околу 4.780 Палестинци во притвор, меѓу кои речиси 160 деца и 29 жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не прашувај колку треба да сe плати сè дур гинат Украинци

Следно

Е.З. од Гостивар го освои најпосакуваниот Супер милионер џекпот вреден 17.957.899 денари

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop