Израелската Армија срамни 35 отсто од зградите во Шуџаја, Газа

July 12, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Општината на Градот Газа денес откри дека израелската Армија целосно уништила 35 отсто од зградите и станбените објекти во населбата Шуџаја, на истокот на градот Газа, пренесува Анадолу.

Општината истакна дека „израелската Армија намерно гаѓаше витални објекти и инфраструктура, со цел да ја направи Газа непогодна за живеење“, посочувајќи дека „само во населбата Шуџаја срамнила 35 отсто од зградите и станбените објекти.“

„Израелската Армија намерно гаѓаше кон резервоари за вода, дрвја, џамии, училишта и сите есенцијални објекти во градот“, се додава.

Синоќа, Службата за цивилна одбрана во Појасот Газа објави дека над 60 тела биле извлечени од населбата Шуџаја по повлекувањето на израелската Армија по двонеделната копнена операција.

Повлекувањето на израелската Армија од Шуџаја откри големо разорување, населбата е претворена во урнатини. Армијата сруши цели станбени блокови, ги уништи улиците со булдожери и нишанеше кон локалната инфраструктура.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени над 38.300 Палестинци, главно жени и деца, а речиси 88.300 се повредени.

По девет месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а има блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде над милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протести во Тирана, се бара оставка од Рама (ВИДЕО)

Следно

Кривична пријава за Бесија Иљази, незаконски вработувала и ретроактивно испалаќала плата

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop