Израелската армија најави продолжување на нападите врз Појасот Газа

January 19, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската армија објави дека прекинот на огнот нема да стапи на сила „сѐ додека Хамас не ги исполни своите обврски и не го даде списокот на заробените жени Израелки што ќе бидат ослободени денес“, известува Анадолу.

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, изјави дека Хамас не ги исполнил своите обврски со тоа што не ги дал имињата на заробеничките кои треба да бидат ослободени.

„Според инструкциите на премиерот, прекинот на огнот нема да стапи на сила доколку Хамас не ги исполни своите обврски. Израелската армија продолжува со нападите во Газа сѐ додека Хамас не ги исполни своите обврски од договорот“, истакна Хагари.

Додека договорот за прекин на огнот и меѓусебната размена на затвореници во Газа, договорен меѓу Хамас и Израел, се очекуваше да стапи на сила во 07:30 часот по средноевропско време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека прекинот на огнот нема да стапи на сила сѐ додека не бидат дадени имињата на трите заробенички кои треба да му бидат предадени на Израел.

Додека продолжуваат артилериските напади на израелските сили врз Газа, се крева чад од местата каде исто така се спроведуваат воздушни напади.

Израелски беспилотни летала продолжуваат да летаат над Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

И денес студено и магливо

Следно

Карлос Алкараз е четврфиналист на АО, го чека Ѓоковиќ

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop